Процес на ангажирање на
посредник брокер

Capitalize on low hanging fruit to identify a ballpark value added activity to beta test.

https://omadainsurance.com/wp-content/uploads/2020/07/posrednik_broker-320x370.png

Процесот на нашето ангажирање како  посредник односно брокер е преку потпишување на овластување од управителот кај правното лице,односно од сопственикот на предметот ( возило-стан итн ) кога се работи за физички лица .

Имате веднаш пристап до истото                                             ( кликни тука )

bt_bb_section_bottom_section_coverage_image

1 фаза ( пред склучување на договорот за осигурување ):


● потпишување на овластување за наше ангажирање ( без никакви финансиски обврски кон нас ).


● кратко запознавање со осигурителните продукти и компании со кој имале или имаат соработка клинетите.


● изработка на барањето за конкретното осигурително покритие со претходна
анализа на ризиците и потребите на клиентот согласно неговите доставени
податоци.

● спроведување на постапка на прибирање на понуди од осигурувачите со преговори за постигнување на што е возможно поповолни услови за клиентот;

● запознавање со условите за осигурување согласно кој ќе се склучи полисата и кој се прилог кон подоцна издадената полиса, како и одредбите од законот за
облигациони односи  кој се однесуваат на договорите за осигурување
Наша Напомена :Бидејќи сеуште не е креирана полиса која ги покрива буквално сите ризици, ЗАПОЗНАВАЊЕТО со битните делови од условите за осигурување,
дефинициите на прифатените ризици од аспект на осигурувачот (има и законски
неприфатени ризици !), одговорностите и роковите на постапување на двете
страни, франшизите итн. СЕ МНОГУ битни во целиот процес  за избегнување на идни несакани и непријатни  состојби.

● наша препорака за избор од неколку навремено пристигнатите понуди од осигурувачите.

● проверка на исправноста на издадена полисата за осигурување како и на договорениот начин на плаќање на фактурата.

2 фаза ( за времетраење на договорот за осигурување ):

● навремена комуникација и пријавување кај осигурувачот  доколку има промена на околностите кои се значајни за оценка на ризикот, прекин на работата, раскинување на договори согласно случаеви предвидени во условите за осигурување и законот.

● во случај на настанување на штетен настан:
– посредување во пријавата на штетата и објаснување на процесот за
обештетување.
– посредување во утврдување на причините за штетата;
– во случај на евентуален спор, можност за правна помош и застапување со соработниците на Омада Осигурување.


● пред истек на договорот за осигурување , комуникација со
осигуреникот за плановите за понатамошната обнова преку преглед на
договорените поктитија, “up date” на вредностите за набавените нови машини,
опрема или залиха на роба, задоволството од исплатените штети итн.


● навремена обнова на полисата за осигурување и договорање на начинот на
плаќање.


● информирање на клиентот за промоции и попусти на останатите видови на
осигурувања кој се од интерес на клиентот, поголеми промени на пазарот на
осигурување, нови продукти и услуги промовирани од страна на осигурувачите
како и од омада осигурување;.


● откажување на овластувањето  од страна на клиентот поради
негови причини е возможно во секое време;

Осигурително брокерско друштво: ОМАДА осигурување, АД СкопјеСедиште
ул.852 бр.62 ( Комплекс Газела ),1000 Скопје
Стапете во контакт со нас преку социјални мрежиOmada Insurance Социјални мрежи
Осигурително брокерско друштво: ОМАДА осигурување, АД СкопјеСедиште
Стапете во контакт со нас преку социјални мрежиOmad Insurance Социјални мрежи

Copyright © 2020 Omada Insurance – All rights reserved. Powered by Omada Technology 

Proud part of Omada Capital Invest

Copyright © 2020 Omada Insurance – All rights reserved. Powered by Omada Technology 

Proud part of Omada Capital Invest