Осигурување на побарувања :
- Со оваа полиса се обезбедува осигурително поктирие за добавувачите од ризикот неплаќање на нивните побарувања од страна на домашни и странски купувачи.
- Околу 30-40% од вкупната актива на фирмата произлегува од нивните побарувања и во најголем дел воопшто не се размислува за осигурување.
- Само неколку осигурителни компании го нудат ова покритие во моментов кај нас но битно е да се напомене дека целиот ризик заедно со експертизата и потребните анализи во позадина се покриени од страна на реномирани европски и светски провајдери на ваков тип на осигурување.
- Покриени ризици се:
- Продолжено доцнење-неплаќање
- стечај-несолвентност
- Освен осигурувањето, дополнителни предности се:
- Влез на нови пазари
- Превземање на некој клиент од конкуренција преку нудење на подобри услови( валута и рокови на плаќање )-нови купувачи.
- Продажба без барање на банкарски гаранции, акредитиви .
- Употреба на полисата како колатерал кај банките.
- Превенција за осигурителната компанија и за осигуреникот преку континуираните анализи и пратење на пазарите и фирмите за евентуалното нарушување на стабилнита финансиска состојба на купувачите со превземање на соодветни мерки.